ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Филипче и Јованоски отворено со граѓаните: „Го зголемивме животниот стандар, реализиравме многу проекти„

1.101

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче , вчера попладне, заедно со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на маалска средба, се сретнаа и разговараа со граѓаните на Прилеп. Потпретседателот Филипче истакна дека СДСМ партнерски со граѓаните ја креира најдобрата програмска понуда, отворено разговара и го слуша гласот на народот.

– Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните, на работниците, во сите сектори, вклучително и во здравството. За тоа говори и нашата последна мерка. Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата.Со ова токму СДСМ надминува една неправда кон медицинските лица. Ги надградивме здравствените капацитети и ги подобривме условите, во сред пандемија направивме 17 ковид центри низ државата, кои понудија грижа за сите. Соодветно одговоривме на најголемиот предизвик во менаџирање на кризата за да го заштитме здравјето на граѓаните -посочил Филипче.

Зборувајќи за политиките на СДСМ, Филипче додал дека зголемувањето на платите е дел од социјалдемократскиот модел за подобар животен стандард.

– Ги зголемивме примањата на здравствените работници, но и на вработените во полицијата, во градинките, во училиштата, во индустријата. Ја зголемивме социјалната помош за рекордни 300 проценти и го вративме достоинствениот живот на стечајните работници. Инвестираме во земјоделството, но и во екологијата, подеднакво да се развиваат сите сектори,-  рекол потпретседателот Филипче.

Потпретседателот на СДСМ на маалска средба со граѓаните на Прилеп потенцирал дека СДСМ е отворена за граѓаните и нивните предлози и заедно со граѓаните ја испишува и програмската понуда за наредните локални избори.

– Тука сме да го слушнеме вашиот глас и вашите сугестии и забелешки. Тоа е најдоброто, заедно го создаваме. Заедно креираме политики како одговор на вашите потреби. Подготвени сме да понудиме најдобри решенија и најдобра понуда за локалните избори, истакнал Филипче

Градоначалникот,пак ,Илија Јованоски истакнал дека во изминатите три и пол години се реализирани голем број проекти .

„Реализиравме многу проекти, поставивме високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење на институциите. Заедно со потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче, денеска разговаравме со жителите на урбаните заедници Бончејца, Центар и Варошко маало. Покрај задоволството од големиот број проекти реализирани на нивно барање, граѓаните од централното градско подрачје со право се гордеат со реконструираниот булевар „Гоце Делчев“, кој му даде нов и современ лик на градот.Со огромната поддршка од Министерството за здравство и несебичната помош на министерот Филипче, Општата болница „Борка Талески“ стана институција од доверба на граѓаните, за што голема улога одиграа здравствените работници, кои се хероите на новото време. На задоволство на граѓаните од општина Прилеп, но и од поширокиот регион, до почетокот на месец октомври прилепската болница ќе добие нов апарат за мФагнетна резонанца. Како доктор кој целиот свој работен век го поминал во оваа институција, сето ова ме прави посебно горд и среќен.СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на нашиот град, на секое населено место во нашата општина. Затоа велиме дека СДСМ е најдоброто за нашата општина! – рекол тој на средбата

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе