ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп го окарактеризира доаѓањето на Филипче -„министерот за смрт“ дојде на „местото на злосторството“ во Прилеп

721

Денес „министерот за смрт“ дојде на „местото на злосторството“ во Прилеп. Десната рака на Заев за договарање провизии, наместо за решавање на сериозните проблеми на здравството, дојде без страм и перде да ветува дека здравствениот систем ќе функционира беспрекорно, а резултатите од политиката во здравството на Заев, Филипче и СДСМ се- „Операцијата е успешна-пациентот е мртов“. – истакна Влатко Пектоски од ОК на ВМЕО ДПМНЕ -Прилеп на прес конференција.

„Резултатите покажуваат дека политиките на Заев, Филипче и СДСМ, не се за подобрување на здравството, туку за користење дебели провизии. Прилеп го заборавија. Остана еден од најтешко погодените градови од пандемијата на Ковид-19 во Македонија. Бројот на заразени со вирусот е над 8.300 лица, а бројот на починати е над 426 лица. Знаат ли тие што значат овие бројки ? Вината за состојбите во Прилеп е на -Зоран Заев и Венко Филипче. Почитувани сограѓани, Сето ова немаше да се случи ако: ја опремуваа општата болница со современа опрема, наместо да ја запуштаат постоечката опрема; ако вработуваа соодветен и компетентен кадар, наместо партиски промаршени кадри; ако навреме ја поставеа модуларната болница, наместо после една година од избивањето на пандемијата; ако навреме обезбедеа лекови, наместо да ги принудуваа заболените од Ковид да си го бараат чарето по приватните болници, а за што граѓаните трошеа цело богатство; ако навреме обезбедеа вакцини, наместо да договараа провизии. ..Почитувани сограѓани, Токму Филипче, кој заедно со неговиот шеф Заев наместо да бараат лекови и вакцини против Корона вирусот, ги обиколуваа планините со нивните скапо платени мотори, е причина на наредните избори во Октомври да им кажете едно силно НЕ на нивните политики, едно силно НЕ на нивните лаги. ВМРО ДПМНЕ ветува дека ќе расчисти со криминалите на овој двоец и ќе ги повика на одговорност за секој изгубен човечки живот, кој, патем им лежи на нивните души. Прилеп и Македонија немаат повеќе време, ниту вишок на човечки животи да ги трошат на погубните политики на Заев, Филипче и СДСМ. Ова нивно лудило треба да престане. Затоа, ве повикуваме, да направите избор меѓу Филипче и Заев и нивните погубни политики, и ВМРО ДПМНЕ кој ќе понуди нови и способни кадри, кои ќе им помогнат на Прилеп и на Македонија за подобро утре.-истакна н апрес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: