ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Фото) Еко Срам! Кој треба да Ни исчисти?!

866
          (Да немаш „ни срам ни перде“ во нашата народна мудрост означува дека си го загубил и последното човечко во себе – способноста да чувствуваш мешавина од нелагодност и вина за сопствените (погрешни) постапки, или просто дeка си дрзок и без осет. Но од еволутивна гледна точка срамот не е баш некоја предност. Во “џунглата“ преживуваат најагресивните, кои не се снебиваат и премислуваат околу своите постапки. Но можеби одредено количество срам е корисен антидот на избрзаните и непромислени постапки, кои можат да спречат катастрофи,како оваа подолу ,кога станува збор за животана стрредина!Народната  вели дека „Страмот го крепи човека“.  Белким, овој текст ќе ни ја крепи човчноста!)

Купишта отпад веднаш до прозорите од Центарот за деца со церебрална парализа.    Аларм на страм! Ова не е на депонија! Не е ниту во некоја приградска населба на краојот од градот, ова е пред „носот на прилепчани“, токму, во централното градско подрачје, кај т.н „Чумовчани“. во стариот напуштен објект од некогашна жечезничка станца, кој наместо да се заштити ,се претворила во руинирана зграда, која станал одлично место за градска депонија, мочална и соврешно место за ширење на зарази. Ова се сликите од таму ….

Неподносливата реа се ширила од јавно направеното веце и од купиштата отпад веднаш до прозорите од зградата каде е сместен Центарот за деца со церебрална парализа.шт веднаш е реагирано. Потребна била дури и  механизација комуналците со зголемен број на работници, да го исчистат напуштениот објект, кој заради затворениот простор, при депортирање на отпадот, се кревале облаци од прашина, при чистењето
Комуналците оттаму извадоа стар мебел, картони, најлон, пластични предмети од домаќинство, пет амбалажа, отпад од косена трева и градинарски растенија,отпадни гуми, масла и лепила, градежен шут, и што ли уште не , во депонијата која ја загадувала околината,б аш, во кругот на Центарота деца со церебрална парализа , во близина на СОУ,,Кузман Јосифоски – Питу каде учат деца и каде има околни куќи,чија смрдеја и смет им била пред самиот нос.

 

На прашањето до жителите од околните куќи, кој исфрла олкави количини на отпад во овој  напуштен и руниран простор, дел одмавнуваа со раката, а дел од нив кои не сакаат да говорет јавно, велат дека отпад се носи од сите околни куќи, дуќани и работилници.

Од менаџментот на Комуналец, додаваат дека и покрај воведувањето на бесплатн линија за собирање на отпад, ( градинарски отпад, отпад од кастрење на дрвја или габаритен отпад) не можат да ги навикнат граѓаните да ја користат  бесплатна услуга,наместо да прават депонии низ градот.

Не ги браниме комуналеците, нивната работа е да чистат,но не по нас,туку да го собираат сметот од контењерите ,а не оноколу, и ова  навистина не личи на урбана средина и културни луѓе, кои се грижат да домаќинлук ! Тешко ли е тоа  сите да сме за чиста животна средина и ако одтпадот го фрламе во корми наменети за тоа и контењери?!

Ако сакаме во ЕУ, мора да не расфрлуваме насекаде и  сами да си го чистиме ѓубрето. Нечисти никаде не не примаат!.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе