ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Годишната изложба на ДЛУ и концерт на пијано

911

      

Вечерва, во ликовната галерија на ЦК„ Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба ДЛУ, а во фоајето, концерт, насловен „Музика од вода“ ќе одржи пијанистката, Емилија Кабранова Филипова.

Одржувајќи го континуитетот на неуморливата творечка креација, вечерва, членовите на Друштвото на ликовни уметници – Прилеп (ДЛУ) , во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ,од 20,оо ч, ќе го промовираат сопственото творештво на пошироката публика преку Годишна изложба за 2020 година.

Страста за уметноста продолжува да живее во срцата на уметниците и покрај ситуацијата во која се наоѓаме. Секој од уметниците докажува како на свој начин преку своето дело и уметничка креација го поминува овој тежок период.

Членовите – учесници на годинашната изложба ќе имаат можност да се претстават со сопственото творештво изработено во различни техники, последователно во текот 2020 година.

-Во најтешките ситуации како што е оваа, каде што за да се одржува духот на човекот неопходно е да се присетиме на убавите  работи и моменти, со кој ќе го потхраниме духовниот порив и полесно ќе го надминеме овој период. Еден од тие начини е уметноста која ја создаваат Друштвото на Ликовни уметници на Прилеп.  Во ’’ тишина’’ ќе чуете и погледнете илјада зборови кои ќе ви раскажат преубави приказни за делата и за уметниците – вели Методи Исков , претседател на ДЛУП.

 Истава вечер, од 19 часот , во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе  одржи пијанистката Емилија Кабранова Филипова насловен „Музика од вода“. На програмата ќе бидат изведени дела на К. Дебиси и М. Равел.

Култирните настани ќе се одржт според сите протоколи за заштита од корона вирусот; носење на маска, задолжително мерење на температура и дезинфекција на рацете

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе