ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп повеќе, Крушево за половина помалку, вработени и ангажирани во локалната самоуправа

963

Во  локалната самоуправа Прилеп, од 2017 до февруари 2020, се вработиле 4 нови  лица,  зголемен е борјот на ангжирани лица на договор за привремено вработување од 4 на 56, а  лицата ангажирани со договор на дело се намелени, од 57 на 35, покажуваат резултатите од најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) http://База на податоци: Број на вработени по сите основи во министерствата и во општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело.

 Или, вкупно според истражувањето, ако во 2017 година во локалната самоуправа Прилеп  била 192 новоангажиран, сега има 225 лица, односно 33 повеќе.

Општина  Крушево, пак ,успеала да го редуцира бројот на ангажирани во локалната самауправа. Од 2017 бројот на лица во редовен работен однос е ист , како и денес – 35. Крушевската локална самоуправа имала 3 лица со договор за привремено вработување –  сега се 5. Но, драстично го намалила ангажманот на лицата со договор на дело, од 54 , само на 4.  Или, ако во 2017 г.  имало вкупно 92, сега во локалната самоуправа имаат 44 лица , за половина помалку од 2017 година.

Најмногу вработени или ангажирани лица меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, па општина Карпош која има 312 луѓе, но која изминатиот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе.  Над 300 вработени во земјата има уште само Општина Охрид, 308.

По министерстваБројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти

По министерства, од најновата базата на податоци ЦГК најголемо зголемување на вработените е во полицијата 570 нови , а најголемо намалување во одбраната 168 луѓе или 18,6 % помалку. Од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти. Во министерствата и во Владата има 540 повеќе вработени или ангажирани луѓе, а во општините 154. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти.

Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент, покажуваат резултатите од најновото истражување Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) на базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по трите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе