ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, покрај притисоците матурантите го продолжуваат бојкотот

655

Во Прилеп, од вкупно пет средни училишта, учениците матуранти целосно ја бојкотираат наставата – велат преставниците од прилепскиот Сојуз на Средношколци.

Барањата на средношколците, поради здравствена криза, е скратување на самата програма која што треба да се полага во државната матура, но и да се полагаат вкупно два предмети на државната матура: Мајчин Јазик, втор изборен предмет (според понатамошното образование на ученикот) и Проектна Задача.

А, како Причини за ваквие барања тие ги наведуваат: неквалитетна и некомплетна online настава; немање на настава од почетокот на карантинот од месец март, па сè до крајот на учебната 2019/20 година; не исполнето ветување за скратувањето на испитните програми за државната матура заради моменталната кризна состојба прогласена во државата од страна на претседателот на РСМ и психолошкиот стрес и притисок предизвикан од пандемијата.

Средношколцте бараа Министерството за Образование и Наука (МОН ) и Државниот Испитен Центар  (ДИЦ) во март, 2021 година, да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и  другите материјали за испитите.

ССРСМ и средношколците ги деминираат и константните изјави на министерката Мила Царовска, дека е постигнат договор.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: