ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Лазаров – новиот селектор на ракометната репрезентација?

575

Во трката за нов селектор на Македонија, откако Ракометната Федерација на Македонија ја прекина соработката со Данило Брестовац е Кире Лазаров, како апсолутен фаворит. Ракометната легенда најави дека на крајот од сезонава ќе ја заврши својата фантастична кариера, Лазаров не крие дека планира да остане во ракометот, а преземањето на националниот тим ќе биде огромен прв предизвик во тренерската кариера на сегашниот ас на Нант. Разговори на оваа тема се веќе водени, кај двете страни постои расположение за Лазаров да седне на клупата, но проблем претставува фактот што десниот бек активно ќе игра до јуни, а дотогаш Македонија ја очекуваат четири средби од квалификациите за ЕП 2022, двомеч со Данска, а потоа и реванш-дуелите со Финска и со Швајцарија.

Во една таква ситуација, планот е за овој период да биде ангажирано привремено решение од домашната стручна фела, кое би ја извршувало селекторската функција во овој краток период.

Македонија има четири бода по првите две кола, со огромни шанси за пласман на ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: