ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Иконостасот во црквата “Св. Благовештение “ се распаѓа, а „тие“ водат битка за докажување кој повеќе се грижел за културното наследство

992

По објава на медиумите и изјавата на Митрополитот Преспанско Пелагониски, Петар дека иконостасот во црквата Св. Благовештение се распаѓа и дека државата, општеството и нацијата немаа слух за тоа, црквата „Св Блаогвештение„ изградена 1838 година, ја посети градоначалникот на Прилеп, прилепските пратеници од СДСМ и Директорот на Завод и Музеј Прилеп, кои дадоа свои ставови и мислења за ваквата состојба на еден од најстарите иконостаси, стар 180 години.

Свештениците загрижени.Тие велат секојдневно го гледаат распаѓањето на иконостасот, но со оглед на тоа што е заштитен споменик на културата (иконостасот е заштитено културно добро од 1953 год), црквата нема можност да презема интервенции

 „Секоја година поднесувавме барање и постојано добивавме одговор: сега е доцна, средствата се наменети за други проекти. Или, средствата се мали, имаме поприоритетни зафати. Така се одолговлекуваше повеќе од 20 години. А ние секогаш бевме соочени со реакции и критики на граѓаните. Црвојаднината си го сторила своето. Се појавува трулеж. Резбата можеби не е толку алармантна, но носечките столбови кои го крепат иконостасот се во катастрофална состојба. Не е далеку денот кога постои опасност иконостасот со оваа голема маса и висина која ја има да падни кон народот, па да не даде Господ да доживееме и таква ситуација„ рече протоереј ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник.

 Градоначалникот на Прилеп истакна дека општината нема тука надлежности, но ја пофали иницијативата на Завод и музеј за изнаоѓање решение.

Директорот на Музеј Прилел, меѓу објаснувањето дека направен е проект за заштита на иконостасот, нагласи дека Владиката Петар влегол во кампања на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што во неделата на Благовештение повикал итно да се заштити иконостасот,  а претходно 11 години молчел за тој проблем .

 

„Нашата институција уште лани обезбедени средства со итна пренамена за санација на иконостасот. Но стручниот тим предводен од Управата за заштита на културно наследство откако направи детална проценка на состојбата побараа од нас да извршат истражувачки работи на иконостасот, како на дрвениот дел така и на сликаните површини и како резултат на тоа да се направи проект за конзервација на иконостасот. Сакаме да ја увериме јавноста дека тој проект е изготвен и дека го очекуваме решението од Министертсвото за култура за да почнеме со активности „ рече Благоја Атанасоски,  директор на Завод и Музеј Прилеп.

и додаде :

„Во овој момент не може да кажеме за колкава сума станува збор за конзервацијата. Ние почнуваме со првата фаза. Околу 300.000 денари за оваа година се одобрени и ни се доволни за првите активности што треба да ги преземеме. Оштетувањата не се драстични. Тие се 20-30 години. Ситуацијата не е алармантна, уверува Атанасоски.

Пратеникот Хари Локвенц ја потенцира негрижата за клутрунто населдство  на предходна власт

 

„Ова е важен објект кој е дел од гордоста на граѓаните на Прилеп и православните христијани од овој реон . Што е реалноста?! Реалноста е дека во изминатите 12 години македонската јавност е сведок на формалната поддршка која претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ја даваше на црквата, меѓутоа суштински никаква помош. “, рече тој

 

На ова се огласија од ОК на ВMRO ДПМНЕ. Кој преку соопштение го кажаа своjoт став.Тие меѓудругото напишаа:

– Почитувани, треба човек да нема ни малку срам, ни човечка доблест да зборуваш дека ВМРО-ДПМНЕ не направило ништо за културата во Прилеп. А пак тоа да го зборува Хари Локвенец, пратеник и дел од највисокото раководство на сдс е навистина неразбирливо. Локвенец е еден од тие кои треба да сносат одговорност за носењето на овогодинешната најскандалозна програма за култура донесена од Министерство за култура во која Прилеп не постои. Програма во која прв пат е аплициран проект за заштита на иконостасот во црквата Св.  Благовештение, а кој проект СДСМ го одби, но денес без грам срам излегува и обвинува како да се уште опозицијa …

Веднаш по нив се надоврзаа и ОО на СДСМ. Во нивното сооштение до јавноста, пак, меѓудругото пишува

– Крајно лицемерно е криминалната ВМРО-ДПМНЕ да зборува дека се грижела за културното наследство, затоа што токму власта на Никола Груевски ја уништи трационалната македонска култура и архитектура. Во изминатите 12 години власт на ВМРО-ДПМНЕ, има стотици случаи каде буквално беа уништувани цели археолошки локалитети од диви копачи, беа крадени икони од цркви и манастири, а ниту еден сторител на овие вандалски дела не беше откриен и санкциониран. За тоа колку не се грижеле ниту за црквите и историското наследство, покажува случајот со иконостасот во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп. Во текот на целота нивно владеење, ВМРО-ДПМНЕ останала глува на сите молби и апели од црковните лица и вработените во културата да одделат средства и да се конзервира ова бесценето културно наследство

И, додека власта и опозицијата си „играат со зборови“ за тоа које е  бил поголем душегрижник за културното наследство со непроценлива вредност, носечките столбови на иконостасот во црквата „Св Благовештение“ повеќе од неколку децении се напукнати , оштетени и  изедени од црвојадина.  Дел од помалите икони кои се вградени во него се уништени, а уникатните резби, секој ден го губат својот сјај од забот на времето.  Иконостасот и неговите икони се од непроценлива вредност.Тој е трет по вредност во Македонија, после оној во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје.

 

Завод и Музеј Прилеп  на новинарите им ги достави известувањето со кое минатато година е побарано од Министерството за култура да се заштити иконостасот и до ЦЈЗ – Скопје  за фумигација на црквата, со цел да се заштити иконостасот од црвојадина)

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: