ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Генерацијата 2002-ра на ФК Победа се избори за ФИНАЛЕ

868

Екипата на тренерот Благоја Филипоски и координаторот Филип Мирчески,  пионерите 2002-ра на ФК Победа, се финалисти на пионерскот  Куп на Македонија . Најмладите фудбалери на Победа  ја анулираа негативата од Прилеп и во Скопје се изборија за прво младинско клупско Куп финале.За екипата на ФК Победа настапиа: Иван Николоски , Антонио Столески , Петар Јованоски , Антонио Андоноски , Петар Симоноски ,Ангел Јованоски, Марио Дебрешлиоски , Давид Јошески, Бојан Ѓорѓиоски,  Миодраг Тасески Давид Бопков, Мевљан Усеиноски, Леонардо Тодороски, ХристијанЈосифоски, Мевмед Имероски, Филип Стојаноски, Христијан Поп-Антоски, Дарко Петрески  и Коста Степаноски.  Ова говори дека Прилеп е расадник на млади фудбалери, само што на фудбалските талентите треба да им се даде можност и шанса за докажување, што Победа го потврди со оваа талентирана генерација.

На теренот на Алумина,денеска, во Скопје се одржа драматичн реванш натпревар, од полуфиналето на Купот на Македонија за пионери. Генерацијата 2002-ра на ФК Победа се избори за ФИНАЛЕ. По поразот од 1-2 на првиот меч ,тие денес во Скопје,  со ист резултат ги совладаасвоите  врсниците на Работнички.

По почетното водство на домашните од 9-тата минута, веднаш врати Давид Бопков за 1-1 во 11-тата минута а водството од 1-2 стигна преку погодокот на помладиот пионер Христијан Поп-Антоски во 36-тата минута. До крајот двата тима имаа свои шанси за голови, но резултатот не се менуваше ,па финалистот го решаваа пеналите.

Тука пресудна се покажа одбраната на првиот домашен пенал на капитенот на Победа Иван Николоски, а Работнички промаши уште еден пенал. На спротивната страна за Победа од 5-те, реализирани беа 4 пенали. Сигурни реализатори од белата точка беа: Давид Бопков, Давид Јошески, Миодраг Тасески и Марио Дебрешлиоски, а единствено непрецизен беше Коста Степаноски. И покрај негативата од првиот меч, но и почетното водство на домашните на денешниот дуел, тимот кој го предводеа тренерот Благоја Филипоски и координаторот Филип Мирчески покажа карактер, одигра дисциплинирано и со срце и покажа дека фаворити има само на хартија. И, покрај 3-те досегашни порази оваа сезона во меѓусебните мечеви со Работнички, остварена е победа во најзначајниот натпревар. Тогаш кога требаше и беше најпотребно…

ЧЕСТИТКИ МОМЦИ-КУПОТ Е ВАШ!!! – беше објавено на официјалната  facebook  страна на клубот!

Противникот во финалето ќе биде познат по утрешниот втор полуфинален меч Шкупи-Њустаср, во кој Њустарс влегува со предност од 3-0 од првиот меч. Финалето на Купот на Македонија за пеионери ќе се одигра во Охрид кон крајот на април

Преземено од facebook  страна на клубот
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: