ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Илинден во Крушево со богата културно уметничка програма

384

На отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ на 1-ви август ќе настапат два оркестри, четворица македонски артисти, заедно со импровизиран напад на градот и читање на Крушевскиот манифест.

Настанот ќе биде отворен на споменикот Илинден во 20 часот со настап на Македонска филхармонија и Македонска опера и балет. Околу 22 часот настанот ќе продолжи на „Гумење“ со настап на Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба.

„Ова е досега најбогата програма за Илинден и манифестација „Десет дена Крушевска Република“, бидејќи тоа се плејада од македонски артисти и уметници, а во текот на манифестацијата планирана е  програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар, проекција на македонски филмови и друго.“, велат оорганизаторите на манифестацијата Научно кутурни средби „Десет дена Крушевска Република“.

Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата Star Wars & Makedonium на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета“ со ди џеј сет на Томи Бојаџи.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: