ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СОУ Наум Наумоски Борче – домаќин на INTERCOOL COOKING за готвење јадења од традиционалните кујни

Утре, сабота, сите во Крушево!

1.037

Дојдоа од Романија, Бугарија и Турција, ученици и нивните ментори, како гости на учениците од  угостителско – туристичката струка на СОУ Наум Наумоски Борче – Крушево, како дел од заедничкиот проект за Бизнис креативност( Business creativity“ ), насловен „ INTERCOOL COOKING” во рамките на Еразмос плус (Erasmus+)  програмата. Целта е да се поттикне креативноста на младите во образованиот систем и да  се разменат идеи и искуства, но и можност да ја вкусите романската, бугарската и турската кујна. И, започнаа ….

Гостите пристигнаа попладнево,  и заедно со домаќините, веднаш се фатија со работа. Се ставија престилките и куварските капи, печките се запалија, намирниците пристигнаа, тавите и приборот за готвење се распосла во просторот каде што учениците од СОУ Наум Наумоски Борче, ја обавуваат секојдневно праксата во туристичко – угостителската струка. Со тоа  „БИТКАТА„ ВО ГОТВЕЊЕ ЗАПОЧНА!

Секоја група ќе готви и презентира јадења од својата традиционална кујна,  ќе се готви и печи до вечер  (ПЕТОК). Веќе утре, (САБОТА) се продолжува со „финиширање„ на јадењата,  кои ќе треба да бидат добро аранжирани,  а ќе содржат предјадење, главно јадење,  десерт (торти и слатки),  салати и други традиционални додатоци, кои ќе ги подготват  вредните и умешни „готвачи- креативци“ , учениците со своите ментори од државите кои доаѓаат. Но,  ќе се  „РАБОТИ „ и ќе се проба и домашната, македонско – влашката кујна, која ќе биде посебно изненадување за дегустаторите!

ДЕГУСТАЦИЈАТА, е закажана за утре, во 18,оо часот, во Крушево на плоштад,  каде ќе бидат изложени сите јадења и  каде како дегустатори се  поканети сите крушевчани, сите добронамерници, посетители и гастрономи, за да се ужива во вкуснте традиционални кујни од Турција, Бугарија, Романија и Македонија изработени од младите кувари и нивните ментори.

„ Целта е заедничко дружење, запознавање со  куварските вештини и традиционалната храна од различните кујни, размена на искуства за  подобрување на угостителско -туристичката дејност, како и меѓусебна соработка  и квалитетна имплементација на проектот кој ги спојува децата од различни држави„ – изјави директорот на СОУ Наум Наумоски Борче, Снежана Миленковска која ги запозна гостите со училиштето, активностите и тековните проекти во училиштето и за целосниот секојдневен процес на одржување на наставата во ова училиште!

 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе