CSS Template

Иселениците од Балканот во Турција помагаат за справување со корона кризата

93
Avtokontrol1

Известува Мартин Николовски, студент по новинарство во Турција

Општината Синџан од Анкара зеде учество во проектот „Заштити се од пандемијата“ кој што го реализира Фондацијата за економски истражувања и социјална помош на иселениците од Балканот со додавање на уште една дополнителна мерка на мерките преземени против појава и ширењето на коронавирусот.
Синџан стана пилот општина во спроведувањето на проектот. Поддршка за Балканската фондација за економски истражувања и социјална помош, која треба да придонесе за процесот на рестартирање на социјалниот живот даде и општината.
Фондацијата започна проект за едукација наречен „Заштити се од пандемијата“. Во рамките на проектот беше формиран научен комитет со учество на реномирани научници од Турција. Сценариите за обука создадени од научниот комитет како резултат на тековните тестови придонесоа за креирање на видеа за обука од стручни тимови и истите беа промовирани пред граѓаните.
За промоција на проектот „Заштити се од пандемијата“ се одржа промотивен состанок. Градоначалникот на Сиџан, Мурат Еркан, претседателот на Фондацијата за економски истражувања и социјална помош на иселениците од Балканот, Јуксел Озкале, како и ректорот на универзитетот Гази Проф. Др. Ибрахим Усалн зедоа учество на овој настан.


semm
Kreas
Farma Dolneni
Vivafarm
Penata