ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изминатото деноноќие две лица новозаразени со Ковид 19 во општина Прилеп

463

Денеска, понеделник 27 јули во општина Прилеп, информираат од Центарот за јавно здравје Прилеп, дека има два нови случаи на коронавирус, а едно лице оздравело од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 53, од кои 40 се наоѓаат на домашно, а 13 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 72 лица.

Во последните 24 часа се направени 1.025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи со Ковид-19 во Македонија. Најмногу се регистрирани во Скопје-52, Штип-29, Кавадарци-10, Гостивар-13, Куманово-6,  Тетово-6, Битола-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.

Починати се шест пациенти, четири од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52 г.) и еден од Струга (75 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5, соопшти Министерството за здравство.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе