CSS Template

Вечерва, концерт на пијано„Сеќавања“

72

На платото пред Центарот за култура Марко Цепенков денеска, од 19.30 часот ќе се одржи концерт „Сеќавања“ на пијанистката Дуња Иванова. Концертот, практично ќе ги претстави и обедини можеби најлуцидните парчиња музика на авторите Макс Рихтер, Лудовико Еинауди и Јан Тирсен.

Концертот ќе се одржи со запазување на сите мерки за заштита од корона вирусот. ( за присутните е задолжително носењето маска, мерење температура и дезинфекција на раце.)
Во минималистички манир, но со програмски определени содржини, музичките автори Макс Рихтер, Лудовико Еинауди и Јан Тирсен на исклучително софистициран начин го предводат современиот израз. Нивната музика поттикнува разговор со самите себеси, не се потребни ниту слики ниту зборови. Тие самите, секој пат одново, создаваат уникатна музичка приказна.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni