ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јосифоски: Власта се откажа од земјоделците, од селото, од народот!

1.365

Прес конференција денеска одржаа претставници на новоформираните тутунски здруженија, на која повикаа тутунарите масовно да се приклучат на најавените протести од опозицијата.

„Последниве неколку години имавме катастрофални лоши услови за производство, катастрофални учиноци во производството. Цените на земјоделските производи се енормно ниски, додека трошоците за живот како и трошоците за производство отидоа над плафон. Власта во целиот овој период се дистанцира од земјоделците, едноставно како да гледа да не’ искористи, едноставно како да гледа да настојуваат што повеќе да пропаднеме. Излезот од сето ова, излезот од ситуацијата во која што се наоѓаме го гледам во смена на власта и токму поради тоа денес сакам од ова место да ги повикам сите земјоделци, особено тутунарите на 18 ти јуни масовно да се вклучат во протестот на опозицијата се со цел промена на власта, која што очигледно се откажа од земјоделците, се откажа од селото и воопшто се откажа од народот“, посочи Васко Јосифоски, тутунар и член на здружението Тутунска надеж.

На новинарски прашања во врска со тековна исплата на субвенциите Јосифоски рече дека постојат сомнежи оти средствата ги исплаќаат откупувачите.

„ Субвенциите би требало да легнат за ден најмногу два кај сите тутунари. Штом се случува по одредени монополи, по одредени претпријатија да се делат субвенциите, јас чисто се сомневам дека субвенциите оваа година како и претходната ги исплаќаат самите откупни фирми од парите кои што за време на откупот буквално ни ги украдоа од нас тутунарите,“ рече Јосифоски потенцирајќи дека тутунарите се незадоволни бидејќи средствата се исплаќаат селективно.  Тутунарите велат дека субвенциите ако биле исплатени пред 2 месеци ќе имало ефект, а со оглед на инфлацијата сега се обезвреднети најмалку за половина. Пред банките од утринава редица и недоумица – дали денеска ќе има субвенции:

„ – Со скапијава е многу тешко, и да има пари од субвенциите нема да видиме ништо…;

– Едно кило масло – едно кило тутун. Еве чекаме и не знаеме дали се пуштени субвенциите или не;

– Никој не не’ информира има пари или нема, на оваа жештина се малтретираме. Се’ се покачи и овие пари ништо не значат, бадијала и работа и се’.;

 – Ако ни ги пуштеја навреме пример можевме да купиме 2 пакети масло, а сега? Се троши, луѓево од селава идат, а никој не ни кажува дали има субвенции или не ?!, велат земјоделците кои чекаат пред банките со надеж дека средствата на име субвенции за предаден тутун се пуштени на нивните сметки.“

Според информациите од Министерството за земјоделство од 9 ти јуни започна реализацијата на финансиската поддршка за тутунопроизводителите за произведен и предаден тутун од реколта 2021 година.

„Од страна на АФПЗРР беа изготвени налози за исплата на 17. 280 тутунари за вкупна финансиска поддршка од 1.3 милијарди денари.

Средствата ќе се трансферираат на сметките на тутунарите преку трезорот на министерството за финансии на секојдневна основа во следните девет работни дена“, информираше  Никица Бачовски, директор на АФПЗРР.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: