ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јованоски: Стартува јавниот повик за субвенции при набавка на клима инвертери и велосипеди

991

До крајот на месецов ќе тече јавниот повик за искористување на средствата кои Советот на општината ги предвиде во Буџетот за 2020 година во вкупна вредност од 6 милиони денари. Од нив, 4 милиони денари се наменети за финансиска поддршка на домаќинствата за клима инвертери, а 2 милиони денари при набавка на велосипеди. Со тоа, Општина Прилеп ќе го подобрува амбиенталниот воздух и ќе го намалува на загадувањето во Прилеп.

– Да напоменам дека со средствата за клима инвертери ќе бидат опфатени околу 400 семејства на кои што ќе му бидат субвенционирани најмногу до 10 илјади денари, а за велосипеди до 5 илјади денари, што значи, исто така, околу 400 семејства ќе користат субвенции со овој јавен оглас. Суштината на оваа мерка е загриженоста на Општина Прилеп за животната средина и подобрувањето на амбиенталниот воздух во општината и во градот. Со ова, сакаме да ги поттикнеме граѓаните да не се греат на огревно дрво и на јаглен, или нафта, а во исто време, граѓаните помалку да ги користат моторните возила низ градот, со замена со велосипеди. Субвенционирањето ќе биде на принципот прв дојден – прв услужен. Јавниот повик за користење на оваа финансиска поддршка, е активен од утре 3 ти март, па до крајот на месецов до 30 ти март, до кога граѓаните ќе можат да аплицираат, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски на прес конференција.

Најважно е заинтересираните граѓани да поседуваат фискални сметки од набавката на клима инвертерите и велосипедите во периодот од 3 ти до 31 ви март годинава. Според јавниот повик, најмногу двајца членови од семејството може да бидат корисници на субвенциите – од едната и од другата варијанта, но не и за двете варијанти во исто време. При тоа, заинтересираните треба да бидат жители на Општина Прилеп и да го имаат подмирено данокот кон општината. Општинска комисија ќе прави увид на набавените и субвенционирани инвертор клими и велосипеди за да се избегнат минималните шпекулации со средствата доделени од Буџетот. Прилеп е еден од ретките градови кој што изддвојува средства за субвенционирање на инвертер клими и за велосипеди со цел намалување на загадувањето.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: