CSS Template

Тутунски комбинат Прилеп е на добар пат за приватизација

268

Некогашниот гигант во тутунската индустрија, прилепскиот Комбинат го напушти неславното друштво на загубарите –  по 19 години за прв пат книжи добивка. Извештајот од завршната сметка за 2019 година во работењето покажува дека добивката изнесува над 39 милиони денари. Менаџментот, успехот го препишува пред се на петгодишно партнерство со Филип Морис Интернационал, добро испланирани инвестиции, тимска работа, како и зголемената ефикасност и модернизација на компанијата.

-Оперативната добивка за минатата година се должи на успешно спроведена систематизација на работни места, но и поради големиот број на инвестиции за зголемување на енергетската ефикасност коишто значително ги намалија трошоците по основ на енергија во друштвото. Тоа пак ни овозможи да ги зголемиме месечните примања на вработените за 25%“, рече Кирил Станкоски, генерален директор на ТКП на денешната прес конференција.


Заштедите во најголем дел се должат на енергетска ефикасност: санација на оштетени лимени кровови,комплетна санација на клима коморите во Погон цигари; нова внатрешна хидрантска мрежа во Погон Цигари, менување на старата и
дотраена дограма со нова и современа енергетски ефикасна ПВЦ –
дограма. Како резултат на ова Комбинатот набавил нови инвертер клима уреди, со кои се заштедува на енергенси.
Оваа инвестиција целосно се исплати, односно средствата кои што беа издвоени за реализација на оваа инвестиција, целосно се повратија за само еден месец, што пак укажува на тоа дека се прават огромни заштеди на ел.енергија и потрошок на метан., потенцираше Станкоски.

Во Тутунски комбинат Прилеп како дел од стратешкото партнерство со Филип Морис се произведуваат брендовите Marlboro Flavour Plus, Chesterfield 7.0, Marlboro Core 7.0 за што компанијата беше потребно да создаде услови. Изминативе години компанијата ги испочитува потребните стандарди : ја подобри инфраструктурата на производство со реновирање на производниот погон, ги подигна производствените стандарди, но и ја зголеми оперативноста во продукцијата.
Резултат на тоа е најавата за старт на производство на уште еден бренд.
„Добрите перформанси нé донесоа до момент за почеток на производството на Marlboro Fine Touch со што успеавме да станеме позиционирани на мапата на производители на најпознатиот глобален бренд на Филип Морис“, рече Станкоски потенцирајќи дека постигнатата добивка компанијата ќе ја инвестира во покривање на загуби од претходните години.
На новинарско прашање околу плановите за приватизација на Тутунски Комбинат Прилеп, Станкоски нагласи дека државата како доминантен сопственик треба да одлучи за ова прашање, но според него, единствен спас за Комбинатот е приватизација, за што смета дека компанијата е на добар пат преку стратешкото партнерство со Филип Морис.

     За Комбинатот приватизацијата е најдобрата опција!

 Јас лично сметам дека тоа е најдобрата опција, бидејќи конкуренцијата е жестока на пазарот и остануваат само големите светски играчи. Се надевам дека државата размислува во таа насока, единствениот спас е приватизација со една од трите големи светски сили, а ние имаме работа со една од нив. Сметам дека не случајно е склучен овој договор со Филип Морис, а ние сме некаде на средина од периодот од 10 години, рече Станкоски.

И за новата тутунска реколта, Комбинатот планира да склучи договори за околу 3 милиони кгр производство. Од минатогодишната реколта, заклучно со денеска компанијата ги подмирила исплатите за сите кооперанти за 2 920 000 кгр тутун, во висина од 11 милиони евра.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm