ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Започна реконструкцијата на патот за Мариово,Крушево ќе ги реконструира улиците

513

На Крушево за проектот за поврзување на локални патишта на општинаните и се  доделени 621 илјади евра , кои ќе бидат искористени за  реконструкција на поголемите улици во град.

„Добиваме средства за реконструкција на локални улици во град Крушево и заедно со Министерство за транспорт и врски продолжуваме со работа на инфраструктурата во општината. Со добиените средства ќе реконструираме дел од поголемите локални улици во градот и со тоа оштетените улици ќе добијат поинаков лик.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Потпишаниот меморандум за соработка е дел од Договорот за заем за Проектот за поврзување на локални патишта потпишан минатата година помеѓу Министерството за транспорт и врски и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, во согласност со Законот за задолжување на Република Северна Македонија.

ххххх     ххххххх   хххххххх

Инаку ,вкупната вредност на проектот за поврзување на локални патишта  изнесува 70 милиони евра, средства кои се обезбедени од Светска Банка, за што Собранието го изгласа Законот за задолжување, а Министерството за финансии го потпиша договорот со Светска банка и средствата  се дадени на располагање за инфраструктурно уредување на општините

Секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиони евра.- рече Министерот за транспорт и врски уште на почетокот на годината

Тој истакан дека со секоја опшитна ќе биде потпишиваа  меморандуми за соработка, а од општините  и од градоначалиците ќе зависи колку средства ќе добијат во зависност од квалитетот на проектите

„Што поскоро да достават проекти за да можеме квалитетно да ги искористиме средствата што им стојат на располагање и заеднички да го подобриме урбаното живеење во општините.„ – порача  Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

ххххх     ххххххх   хххххххх

Се реконструира и пато за Мариово. Денеска Претседател от на ОО СДСМ – Прилеп , Миле Талевски на патотот Витолиште – Лагово одржа пресс и мешудругото рече  

„За прв пат, после 40 години го реконструираме патот за Мариово, односно дел од регионалниот пат Витолиште – Лагово. Во полн ек се градежните активности на најоштетениот дел од овој регионален пат, потегот помеѓу населените места Штавица и Бонче, каде во должина од 7 километри ќе биде поставен целосно нов слој на асфалт. Со реконструкцијата ќе бидат санирани и двете свлечишта, кои претставуваа закана за учесниците во сообраќајот на овој регионален пат. Со ова, го исполнуваме главното барање на жителите од мариовскиот крај и на сите кои секојдневно возат и патуваат по регионалниот пат Витолиште – Лагово„

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: