ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кај Прилеп никнува „Парк на планетата Земја“

672

Дваесет млади садници денеска се засадени во „Паркот на планетата Земја“ на патот кон манастирот „Трескавец“ во месноста „Песјобрдце“. Градоначалникот Илија Јованоски, пратениците во Собранието на РМ Кети Смилеска и Хари Локвенец, претседателот на Совет на Општина Прилеп Миле Талевски, директорите на јавните комунални претпријатија Емил Јанески, Кристијан Илиески, Ѕвонко Јованоски и Славе Петрески ,советници, претставници на општинската администрација и претставници од општинската организација на Црвен крст денеска го засадија паркот, нова зелена површина која што во иднина плански ќе се проширува.
„Денеска по деветти пат го одбележуваме ‘Часот на планетата Земја’ што се одбележува во повеќе од 170 земји во светот. Затоа засадивме нови 20 садници на местото, што во иднина ќе претставува ‘Парк на планетата Земја’. Оттука сакам да упатам и еден апел до сите граѓани, екологијата да е што позастапена во нашиот град, а Општина Прилеп заедно со комуналните претпријатија ќе се трудат градот да биде што почист, Прилеп да има чиста вода за пиење“, порача градоначалникот Јованоски.
Сите активности по повод „Часот на планетата Земја“ Општина Прилеп ги организира во соработка со општинската организација на Црвен крст.
„Денеска, ние младите од Црвен крст се вклучивме во акцијата, изразувајќи ја нашата поддрка на акцијата „Часот на планетата Земја’, засадувајќи дрвја во новиот парк. Со ова сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај граѓаните“, акцентираше младата Катерина Божиноска, претставник од Црвен крст.
Активностите продолжуваат со ноќна трка во должина од 5 километри низ центарот на Прилеп.
Во 20.30 часот на Паркот на револуцијата беа исклучени светилките, со што симболично и Општина Прилеп се вклучи во екоакцијијата за заштеда на ресурсите. Младите од ОО на Црвен крст во истиот момент запалија свеќи во форма „60+“ означувајќи ги заштедите со исклучување на електричната енергија.
Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски апелираат до граѓаните во истиот период од 20.30 до 21.30 часот да се вклучат во „Часот на планетата Земја“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: