ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мицкоски како гостин во Прилеп се запознаваше со активностите на локалната власт

749

ЈКП „Комуналец“ интензивно работат на расчистување на дивите депонии на локацијата во близина на обиколницата кај  „Жито Прилеп . Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески заедно со својот гостин, претседателот на  ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски ,пратениците и претседателот на Советот на Оптшина Прилеп, Дејан Проданоски, ја посетија оваа локацијата, која се планира да биде исчистиена се до потегот на излезот од населбата Варош.

За жал,  по должината на  овој локални пат направени се голем број диви депонии каде има големи количини на комунален и градежен отпад, велат комуналците.

Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата Алинци. Според планот за работа по дислокацијата на дивите депонии,  предвидено е комуналците да продолжат со чистење  на вегетацијата.

Исто така градоначалникот Јовчески заедно со претседателот на  ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски беа на ул.„Јоска Јорданоски“ каде во тек се градежни активности околу поставување на нов асфалтен слој.

A, во текот на утрешниот ден градоначалникот ќе ја разгледа и активноста на комуналците за чистење на дивите депонии од клучката кај Салида (надвозник) по долж регионалниот пат до бензинската на Лук Оил.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: