ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како ќе се заштити комплексот „Маркови Кули?

562

Во наредните 10 години со комплексот „Маркови кули“ како заштитено природно и културно продрачје кое се наоѓа на привремената листа на заштита на УНЕСКО,  ќе управува Инситутот за старословенска култура Прилеп.  Локалитето Маркови кули кој се простира на 4000 хектари и  опфаќа намалку 9 културни споменици ,за прва пат добива  план за управување.

Институтот за старословенска култура од Прилеп организираше јавна расправа за овој документ и сите забелешки кои ги има некоја институција или поединци може да ги достават во рок од 10 дена. По усвојувањето на овој план ,Институтот ги превзема сите обврски за локалитетот „Маркови кули“

Тоа предвидува никој да не може без согласност на Институт за старословенска култура – Прилеп да презема какви било активности на комплексот „Маркови кули“ на површина од 4.000 хектари.

„Станува збор за сегментот на активно управување на едно заштитено подрачје, што подразбира заштита на автентичните форми, нивна промоција и нивно ставање во функција. Сите овие сегменти ги регулира планот како една законска рамка. Постапката за донесување на планот подразбира и организирање на јавна расправа, во која што корисниците на тој простор би дале свои забелешки на овој стратешки документ. Од тој аспект, ние денес заедно со Министерството за животна средина како надлежно за овој сегмент на природни вредности, ја организираме ова јавна расправа“ – објасни Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура на јавната расправа

По јавната расправа, планот за управување ќе биде доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање, кое треба да ја одобри финалната верзија на овој документ за натамошно усвојување од страна на Научниот совет при Институтот за страословенска култура.

Инаки ,целото подрачје ќе има 3 зони, зона на строга заштита, зона на активно одржување и зона на одржливо користење, така што од тоа ќе произлезат и одредени обврски и ограничувања во тие зони.

„Самите препораки би се однесувале на прецизирање на приватните имоти, односно на катастарските парцели кои што се во приватна сопственост, а кои се во границите на самото заштитено подрачје. Усогласување на предвиидените актиивности во планот на управување со планот на сопственикот на одредена парцела“, изјави Трајче Митев, компанија која го изработи извештајот за стратегиската оценка на планот.

Планот за управување на локалитетото „Маркови Кули“ индиректно ќе придонесе и за чекор поблиску до апликацијата, коплексот “Маркови Кули“ да се најде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО. Со тоа овој локалитет ќе биде вториот  во Македонија,со Охрид, кој ќе биде на постојаната листа на заштита на УНЕСКО.

 (Емисија емитувана на 15 -ти ноември 2019 г):
Разговор со д-р Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура – Прилеп,  за локалитететот „Маркови кули„ и содржините во него,  за презентирање и заштита на природното и  културното наследство на овој простор :

https://www.facebook.com/radiopela/videos/520589238529729/

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: