ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Како Прилеп го одбележува Денот на македонската револуционерна борба?!

528

Во Приелп денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски  иделегција од Советот на Општина Прилеп, преставници од политички партии и граѓани утрово положија свежо цвеќе пред спомен бистите на Ѓорче Петров и Пере Тошев.

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, членовите и симпатизерите на партијата ВМРО ДПМНЕ, празникот го одбележуваат во Прилеп , а претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе има средба со граѓните во централното градско подрачје

Според Законот за празници, 23 Октомври е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: