ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Канализација и за во с. Мало Коњари

601

Селото Мало Коњари, кое се наоѓа само неколку километри одалечено од Прилеп , со години наназад ја чека урбанизацијата и можноста за добивање канализациона мрежа. Власта вети дека наскоро секундарната канализација ќе биде поставена во секое домаќинство

„Најважно од се е правењето на секундарната канализациона мрежа што треба да се заврши оваа година. Имено, во тек е постапката, јавна набавка преку Општина Прилеп аплицирана во Министерството за транспорт и врски. Преку Светската банка одобрени се преку 9 милиони денари каде што ќе се направат 204 приклучоци во ова населено место. До крајот на летото, почетокот на есента оваа работа ќе биде завршена.“ – посочи градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски при посетата  на населеното место Мало Коњари.

Градоначалникот се пофали дека ова село добило и асфалтирани улици,  во должина од 1 200 м. и дека во тек е постапката за подобрување на јавното осветлување , по барање на жителите . Тој пред жителите истакна дека Општина Прилеп исплатила,  навремено и неселективно, 6 милиони денари  за претпрените штети  кои што во 2018 година се случина овој регион, во кои беше опфатено и селото Мало и Големо Коњари и населбата Варош, нагласувајќи дека од постоењето на Општина Прилеп  за  првата за штети во земјоделијето предизвикани од неповолни временски непогоди,  се  издвоени средства од  буџет и  исплати  на земјодлците.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: