ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Левиот бек Давор Шокоски како засилување се враќа во РК Прилеп

543

22 годишниот прилепски ракометар , Давор Шокоски, како засилување,  повторно се враќа во својот матичен клуб, од каде ги започна и првите чекори, во РК Прилеп.  Денес, тој и официјално е ангажиран од екипата на РК Прилеп. Шокоски доаѓа од екипата на Бутел Скопје, односно од  редовите на Металург 2 , како позајмен играч.  Очекувањата се Шокоски, со неговото екипно искуство, да даде максимална игра и да го покаже својот талент со кој располага.

„Разговаравме со тренерот Горан Кузманоски. Неговите очекување од мене се да , заедно во Филип  Чурлевски, бидеме носители и столбови на екипата , јас како лев бек, тој како среден бек.  Се носат многу засилување, се склопува една силна, солидна екипа, која, јас мислам,  ќе се обиде да дојде до плеј оф,  но пред се целта е да останеме во елитното натпреварување во Македонија. Што се однесува до подготовките , сега тренираме индивидуално, но имавме пауза од четири месеци кога не се играше ракомет. Тренираме, но едвај чекам да почне да играме ракометот  „-  изјави , искрено, за Радио Пела , младиот ракометар, Давор Шокоски

РК Прилеп , под водство на Горан Кузманоски -Таста , сериозно започна со градење на екипа за престојната ракометна сезона. Кузманоски истакна дека голманот е пола екипа, па не случајно неговиот прв избор беше  избирот на добар голман, со ангажирањето на Зураб Цинцадзе. На клубот му се приклучи крилото Реваз Чантурија , средниот бек , Филип Чурлевски од РК Еурофарм Работник, како и прилепските млади  ракометар,  Сашко Манчески, левото крило Христи Бикоски и десното крило Алија Амзоски, кои се обврзаа на двегодишна соработка со Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: