СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Ќе собираат од каналите и речните корита биомаса за загревање на детската градинка

406

Со средства од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини“- Agrowchain, од програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција, набавен е трактор и приколица. Toa e  дел од опремата, која општина Новаци, треба да користи за да ги чисти речните корита и канали, со кои ќе собира биомаса за загревање на детската градинка.

„ Набавивме трактор Ландини серија 6-120 Ц и тракторска приколица Челмак од 5 тона  за влечење и транспорт на биомаса од речните корита. Ова е само дел од потребната опрема за таа намена. Во тек е јавната набавка за набавка на хидраулична рака за сечење и чистење на вегетацијата од речните корита и каналите , а дополнително ќе се набави и балирачка и котел за паарно греење специјализаран за биомаса“ – вели  градоначалник на општина Новаци.Љубе Кузманоски

Партнери во проектот од македонска страна се АПРЗ а од грчка Детепа општинско претпријатие за централно загревање од Аминдео, CRES и CLUBE.

-Во моментот имаме студија за добивање на податоци за мрежата на канали, атмосферска канализација, речни корита и слично, кои што ќе ни бидат како ресурс од чие што чистење ќе добиваме биомаса со која што ќе го загреваме котелот кој што ќе биде инсталиран во градинката. – вели градоначалникот на Новаци

Проектот започна во јуни 2018, а ќе трае до 2020 година. Вкупната сума, за сите партнери изнесува 669 илјади евра. Од Буџетот на општина Новаци издвоени се 216 илјади евра.

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе