ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кети Смилеска: Се чувствувам подобро

2.240

Кети Смилеска e првиот пратеник од македонското Собрание позитивна на Ковид 19. Таа, веднаш по добивањето на резултатите од тестот јавно се изјасни дека тестот е позитивен. Со тоа, Смилеска, ги охрабри другите да го сторат истото, со надеж дека на таков начин, со брза реакција, ќе се детектираат граѓаните кои биле во контакт, за да може да се направат потребните проверки и да се спречи ширењето на вирусот.
За Радио Пела од Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде е хоспитализирана од пред неколку дена, таа изјави дека се чувствува добро.

-Ја користам приликата да им се заблагодарам на медицинските лица во Прилеп и во Скопје кои што најпрофесионално, подготвени технички, но и како луѓе, хуманитарци, со ведар дух ми помагаат да ја пребродам здравствена состојба предизвикана со корона вирусот. Се чувствувам добро, а според лекарите состојбата ми се подобрува од ден во ден. Медицинската терапија и целокупниот третман е на највисоко ниво, како за мене, така и за останатите пациенти, кои се сместени во собата при Клиниката во Скопје, посочи Кети Смилеска во тел.разговор за Радио Пела.

Смилеска, воедно упати порака честитајќи ги Велигденските празници:

– Почитувајте ги препораките, драги сограѓани, бидете дома, грижете се за вашето здравје, за своите најмили, а со тоа, и за сите околу вас. Честит Велигден, да бидеме поцврсти и посплотени со силата која што овој празник ја носи во борбата во справување со пандемијата, затоа што здравјето е пред се, посочи Смилеска.

Неколку денови Смилеска беше хоспитализирана во инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ со средна клиничка слика. Како што истакнува и денес, таа сеуште не знае од каде ја добила болеста, затоа што не патувала, а повеќе од месец дена постојано седела дома и избегнувала контакт со други лица. Од 15 ти април Смилеска лечењето го продолжи на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Радио Пела и’ посакува добро здравје, брзо закрепнување и што поскоро да се врати кај своето семејство и да продолжи со редовните обврски како политичар и парламентарец.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: