ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кликни на телефон и предложи идеи „што им треба на младите во Прилеп?!„

708

Отворање на 3Д кино во Прилеп, формирање на Шелтер центар за кучиња скитници, уредување на просторот околу Вештачкото езеро… се само дел од 19 предлозите кои ги побараа младите за подобар живот во Прилеп преку е – учеството .

Ова е во рамкие на кампањата „Кликни, предложи и учествувај!” на Коалиција СЕГА, каде младите во Прилеп имаа можност да учествуваат на промотивни настани, ИНФО денови, едукативни работилници за е-младинско учество и алатката ОПИН, преку кои тие се запознаа со поимот е-младинско учество и можноста да предлагаат идеи за подобрување на животот во Прилеп.

“Младите кои директно беа вклучени во работилниците за креирање на предлози и идеи дадоа вкупно 19 предлози/иницијативи на ОПИН, алатката за е-учество од кои најдобрите пет, денес беа предадени на претставникот од општина Прилеп во форма на позициски документ кој треба да биде разгледан на наредната седниците на Советот на општина Прилеп. Најдобрите пет идеи од младите кои беа избрани според критериумите на ОПИН се: отворање на 3Д кино во Прилеп, формирање на Шелтер центар за кучиња скитници, уредување на просторот околу Вештачкото езеро во Прилеп, Младински културен центар / Дом на млади/ и Покриен базен во Прилеп. Очекуваме предлог/иницијативите да бидат разгледани и внесени во програмата за работа на општината за 2018 година. Понатамошното користење на ОПИН како алатка за е-учество е можност за вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки и очекуваме дека ќе користи и во иднина.“ – Мариче Тренеска – Коалиција СЕГА 

Коалицијата СЕГА од март до декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ (Гласот на младите од Прилеп преку електронско учество) во партнерство со Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување и во соработка со Совет на млади на општина Прилеп. Проектот има за цел зголемување на младинското е-учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: