CSS Template

Кога девојките „тепаат“ резултатот е 1:9

142
Avtokontrol1

ЖФК Деспина -Прилеп на гостувањето во првото коло од Првата женска фудбалска лига во Радовиш, играјќи против екипата  на ЖФК Плачковица си дојдоа не поразени и со многу голови во противничката мрежа , како да беа на ракометен натпревар – 1:9 за гостите, заврши конечниот резултат од натпреварот ЖФК Плачковица – ЖФК Деспина – Прилеп .

Се чини дека за прилепските фудбалерки првенствениот натпревар беше само одличен тренинг – натпревар

Мрежата на домаќинките не мируваше, а головите паѓаа речиси во секоја минута. Првиот гол го постигна Стојковска уште во 7 мин, за по две минути подоцна Чубриноска да го постигне вториот погодок. Во 12 минута Стојковска повторно си поигра со голманот од Плачковица, а во 17та минута, капитенот Милеска го даде својот прв гол. Уште не забиена топката од центар, во 18 минута својот втор погодок на овој натпревар  го постигна Чубриноска и потоа повторно беше прецизна во 23 минута од натпреварот постигнувајќи хеттрик на овој натпревар .

Ниту второто полувреме не беше поволно за домаќинките. Мрежата почна да се „решети“ од гостите во 47 минута,  каде повторно погодува Чубриноска и станува најдобар стрелец на натпреварот. Во 51 минута својот втор гол го посигнува Милеска, а за 9 -тиот гол се погрижи во 85 минута  Стојковска, со што заврши фудбалската голгота за ЖФК Плачковица.  Домаќинките својот погодок го направија во 54 мин , кога Анастасова стрелаше во голот на Колеска.

За екипата на ЖФК Деспина играа : Колеска Јана, Ана Мицкоска, Јана Чубриноска (4 гола ), Сара Петреска,Катерина Милеска (2 гола ), Даниела Велеска, Ангела Стојковска (3 гола ), Анастасија Илиевска , Симона Парапаска,  Драгана Костова, Сара Ефтинџиоска, Анастасија Музуроска,Катерина Милевска , Михаела Насовска  ,Фросина Трипечвска, Марија Настеска Ива Тодосова  и Михаела Јандриевска


semm
Vivafarm
Farma Dolneni