ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кога градинките во Прилеп ќе започнат со работа?

2.114

Владата и министерството за здравство, како и ресорното министерство за труд и социјална политика ги прави консултативните разговори околу отпочнувањето со работа на детските градиники. Деновиве, во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп, се подготвуваа одговорите на прашалниците изготвени од двете министерства за секоја градинка и нејзините работни единици за состојбата, за бројот на децата кои би се вратиле во оваа предшколска устова. На тој начин, збирно треба да се добие сликата за тоа: во каков обем, кога, и на кој начин би се започнало со работа, рече во отворената програма #Sedidomasoradiopela , директорот на ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп Орце Тодоровски.
-До понеделник треба да се состане Комисијата за заразни болести, која што е едиствена за давање на препораки за отпочнување со работа и ние ќе ја почитуваме таа одлука. Клучно е: како ќе се изведува начинот на тестирање, скрининг процесот на персоналот во градинките, начинот на однесување, времетраење на престојот на децата, како ќе се обавува приемот, за сето ова треба да добиеме конкретни насоки. Според интересот на родителите вкупно 606 деца се пријавени за враќање во градинките, што значи речиси половината, од околу 1 500 деца, колку што престојуваа во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп пред почетокот на вонредната состојба на 11 ти март годинава, посочи Тодоровски.

Прилепските градинки во изминатиот период без детски џагор во објектите ги завршиле планираните реконструктивни зафати кои претходно беа започнати во некои објекти, а во два наврати спроведена е сеопфатна дезинфекција на сите објекти. Предшколската установа во овој период се адаптираше на новонастанатите услови, со активности за континуиран воспитно-образовен процес, при што воспитувачкиот кадар бил вклучен во изработката на видео-презентации како дел од националната едукативна платформа е- занимална, со цел одржување контакт со децата преку електронска комуникација и остварување на зацртаните педагошки цели.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: