CSS Template

(Видео) Средношколците од Крушево,креативно, да не се заборави 9 Мај , Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

143
Avtokontrol1

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот ,а Европа ,Денот на формирањето на ЕУ .О ваа година Европа скромно ќе ја одбележи 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, бидејќи во повеќето земји на сила се рестриктивни мерки поради новиот коронавирус.

Учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“-Кршево ,Марија Николоска и Теодора Тимшоска од II -а клас, гимназија, заедно со својот ментор по историја, Стевка Велеска , преку видео проекција, потсетија на моментите кои треба да послужат како опомена на човештвото за никогаш да не се повторат

 

На 9 мај 1945 година Германија ја потпиша својата капитулација во Втората светска војна, во која животот го загубиле милиони луѓе. Војната е официјално завршена неколку месеци подоцна, со капитулацијата на Јапонија, но во Европа денешниот ден се одбележува како Ден на победата над Фашизмот.

Учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“ не го заборавија ни Денот на Европа . По тој пово,д учениците, Марија Стојаноска Стефани Пусоска ,под менторство на Мери Абаџи ,проф.по социјологија, потсетија на европската Декларација и европските вредности:

 

Денот на Европа 9 Мај

Ден на Европа, 9,Мај, пресвртниот момент во историјата во кој е дефиниран идниот изглед на Европа.Разкажуваат учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче„-Крушево,преку видео проекција изработена од учениците, Марија Стојаноска Стефани Пусоска,под менторство на Мери Абаџи ,проф.по социјологија

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Сабота, 09 мај 2020

 

9 Мај е еден од најзначајните датуми во Европа.Се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа. Пет години по германската капитулација, на 9 мај 1950 година, Роберт Шуман, тогашен министер за надворешни работи на Франција, го претставил својот предлог за формирање на Европска заедница за јаглен и челик. Овој предлог, познат како Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска Унија.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni