ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Реакција на Општина Прилеп: Oбјектот во „Сточен пазар“ нема технички прием

481

Со писмена реакција на денешниот прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Општина Прилеп, во која меѓу другото се отфрлуваат обвинувањата за наводната негрижа за општествениот имот.Реакцијата ја објавуваме во целост:

„Денеска сме сведоци на уште еден во низата очајнички обиди на опозицијата, да го сврти вниманието на јавноста од секојдневните активности кои градоначалникот и локалната самоуправа на општина Прилеп, ги преземаат во насока на решавање на проблемите на граѓаните.

Наместо да смогнат сили и да ги поздрават градежните активности со кои ликот на Прилеп секојдневно се менува – асфалтирање на улиците во секоја населба во градот и населените места, реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, изградбата на локални и регионални патишта, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се повикува на промашен проект од кој секоја одговорна власт и партија би се срамеле.

Таканаречното училиште во населбата „Сточен пазар“, претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и екс градоначалникот Марјан Ристески го граделе среде поле и опкружено со насади од тутун, без струја, вода, канализација и дефиниран училишен двор, без пристапен пат, на само петнаесетина метри од неоградено речно корито, и за него потрошиле повеќе од 10.000.000 денари.

Објектот во „Сточен пазар“ претходната власт го остави без изградена и поврзана основна инфраструктура, не извршиле ниту атест за вградената ПП инсталација, не ја оградиле, осветлиле и партерно не ја уредиле градежната парцела, а не овозможиле ниту пристап за интервентни возила, како и колски пристап до парцелата.

Заради сите овие пропусти во изградбата, објектот во „Сточен пазар“ нема технички прием.

Ова е типичен пример, за градење на објекти надвор од законите и стандардите. Очигледно, во овој случај, тогашната локална власт се водела исклучиво од интересите на поединци, а не од потребите на граѓаните и учениците.

За разлика од ваквото неодговорно трошење на парите од општинската каса, денес локалната самоуправа и градоначалникот Јованоски водат грижа за секој потрошен денар од буџетот, а средствата се инвестираат исклучиво во проекти од интерес на граѓаните на општина Прилеп,“ се вели во реакција на Општина Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: