ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кои се барањата за решавање на тутунските маки до Владата и пратениците?

1.160

Како да помогне државата со ниската просечна откупна цена од ланската реколта, промена во моделот на поделба на субвенциите,  и јавна расправа во која би биле вклучени сите институции и чинители за наредната реколта, денеска доставија прецизни барања новоформираните здруженија на тутунопроизводители Жолто тутунско злато – Прилеп, Тутунари земјоделци – Дебреште, Тутунска мака – Кривогаштани и Тутунски земјоделци – Могила.

Отвореното барање за реколтата 2020/21 се однесува на распределба на субвенциите кои би се изедначиле на 90 денари за килограм за сите класи, плус дополнителните 10 денари од предвидените средства од 5 тиот пакет Анти – ковид мерки ( 5 милиони евра) наменети за тутунарите.

Што се однесува за реколтата 2021/2022 тутунските здруженија сметаат дека: треба да се воведе забрана за увоз на необработен тутун; зголемување на цените по класи за 25%; во правилникот за тутун да се зголемат килограмите по единица површина (декар) од 185 на 220 кгр, а при проценката долниот среден лист без маани и оштетувања со големина до 16 см да влезе во втора класа. Воедно, тие бараат да се спречи кратењето на договорите и бришење на тутунопроизводителите од договорите, бидејќи како што велат тоа е актуелен проблем со кој што се соочуваат земјоделците во периодов на склучување на договорите.

Тутунарите сметаат дека потребна е анализа на Стратегијата за производството на тутун 2021/2027 бидејќи оваа индустриска култура од огромно социјално значење за државата, од која што директно или индиректно зависат над 30 илјади семејства во земјава.

Барањата се доставени до Владата, до Премиерот, ресорното министерство, пратеници, откупувачи, Институтот за тутун, Земјоделскиот  факултет, до парламентарните партиии до Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: