ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Комфи Ангел“ фокусиран на изградба на подобра животна и работна средина

2.372

Фокусот на компанијата „Комфи Ангел“-Прилеп, во наредниот период, ќе биде насочен кон зголемување на приходите, поголемо вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците.

„Во моментов компанијата работи на зголемување на животниот стандард на работниците. Главниот фокус ќе биде ставен на пониските категории на приходи. Мора сите заедно да градиме повисок стандард и не можеме да размислуваме дека некој тоа ќе го направи за нас. Ние сме тие кои треба да изградиме подобра животна и работна средина за нас! И, тоа не зависи само од менаџментот, од купците и добавувачите, тоа зависи од сите Вас кои сте вклучени во овој процес на производство“,– истакна менаџерот на компанијата Комфи Ангел, Ирена Јакимовска на месечната онлајн средба со вработените.

На средбата беше нагласено дека компанијата се наоѓа во прилично стабилна позиција.

„Што се однесува на тековното работење на компанијата, таа  се наоѓа на многу стабилно ниво. Континуирано добиваме нарачки од страна на нашите купци, што е уште една потврда дека оние компании кои работат за да му овозможат правилен сервис на своите купци и нудат соодветен квалитет на своите производи, притоа почитувајќи ги правата на вработените и законските регулативи на државата во која што стопанисува, ќе си го обезбедат својот континуитет, стабилност и развој, независно под какви околности стопанисуваат„- рече Јакимовска.

„Значи имаме стабилна ситуaција, стабилни нарачки, стабилна финансиска ситуација, стабилна работна сила и ве замолувам да ги исклучите анксиозноста и стравовите поврзани со сигурноста на вашето работно место. Вашете работно место и неговата сигурност зависи од вас самите, колку вие придонесувате и колку ги почитувате мерките, правилата и принципите  на компанијата,“- ги охрабри своите вработени  Ирена Јакимовска, потсетувајќи дека компанијата Комфи Ангел не отстапува од мисијата – „Градиме компанија која ќе постои и после нас!“

И, на оваа средба остана потсетувањето за важноста и грижата за сопственото и колективното здравје на работниците, особено, во време кога пандемијата во Прилеп е во подем, а вакцината против КОВИД 19 сеуште е не достапна за пошироката популација, и сеуште не постои колективен имунитет за заштита од вирусот. “Мерките на заштита и превенција потребно е да се почитуваат, како во компанијата така и надвор од неа“- нагласи Јакимовска.

                       НОВ ФОНД ЗА ПОДДРШКА

Што се однесува до стандардниот месечен „Солидарен фонд“ во кој со свои средства, месечно, партиципираат сите вработните за хуманитарни цели за вработен од компанијата, од идниот месец тој ќе биде видоизменет.

Компанијата одлучи минимум 60.000. денари, сопствени средства, секој месец, да му бидат доделувани на вработен за негови потреби или потребите на неговите најблиски. Но, одлуката кој вработен ќе го добие т.н “фонд за поддршка“ ќе ја носи комисија составена од неколку членови од работниот колектив.

А, за лотаријата, која исто така е дел од месечните партиципирани средства од вработените, менаџерскиот тим предложи, вработените да одлучат: дали таа да продолжи да се организира во наредниот период и колкава би била месечната партиципација за неа, 100 ден или 50 ден. Но, каква и да е одлуката на работниците, едно е сигурно, доколку продолжи лотаријата во компанијата, таа нема да биде со физичко присуство, како досега, туку ќе биде со електронско бирање на добитникот.

Како и да е, овој месец беше и последниот месец на доделување на солидарниот фонд и лотаријата по стариот систем. Дел од средствата од солидарниот фонд и беа доделени на Елизабета Кузманоска за нејзино лекување, а средствата од лотаријата му припаднаа на Кирил Јованоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: