ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мирчески: Каде и како тутунарите да го предадат вишокот, амбалажа нема?!

1.397

Претставниците на новоформираните тутунски здруженија денеска бараа начин за да ги предадат изготвените списоци од тутунопроизводители со вишок ланско производство. Очекуваа дека ќе остварат средба со ресорниот министер Хоџа, но до тоа не дојде. Велат дека земјоделците кои си имаат проблем бидејќи тутунот сеуште е во балиња, не се информирани за продолжението на откупот, им треба амбалажа, и прецизни податоци каде да го носат вишокот.    

– Денеска 17 ти март започна продолжениот рок за откуп на вишокот на тутун. Во 12 работни дена треба да се откупат околу милион и пол кгр. На каков начин и како ќе се изведе сето тоа сеуште не знаеме. Во тутунски Комбинат започнат е откупот викнати се луѓе да носат тутун како и на кој начин не знаеме. Луѓето не се информирани. Во консултација со министерот на наша иницијатива, на нашата фејсбук група во вчерашниот ден се собра еден список со податоци од 150 тутунопроизводители кои имаат вишок на тутун. И денеска тој список се надополнува, се збираат, луѓето не се информирани и никој досега не им кажал кога и на каков начин ќе се преземи тутунот. Амбалажа сеуште нема. Ако мислат во овие 12 дена да го откупат вишокот на тутун најбрзо треба да се реши амбалажата, на луѓето тутунот му е во балиња сеуште. Му подготвивме на министерот список од околу 180 тутунопроизводители, овие не се партиски активисти на ниедна партија. Овие се луѓе кои имаат проблем имаат вишок на тутун. Да кажи министерот на кого да им ги предадеме овие списоци, да му помогнеме, ова е во иницијатива на новите тутунски здруженија со цел да им помогнеме на тутунопроизводителите за што побрзо да се преземе тутунот. Тутунот не остана поради тоа што ние штрајкувавме, а откупот течеше непречено. Ако на ова се вадат институциите дека поради штрајковите дека е тутунот останат – е лага. Неорганизацијата на самите институции доведе до ова. Ваков катастрофален откуп немало досега во изминатите 30 години, вели Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија.

Како што велат претставниците на здруженијата тие сакаат да помогнат што побрзо да се заврши целата работа со откупот со приготвување на список од тутунари кои што имаат сеуште производство од ланската реколта неоткупено. Апелираат вишокот да се откупува според класи, а не за класа до две пониско.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: