ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комуналците ги средуваат дрворедите во центарот на Прилеп

641

Можеби сега вака изгледаат многу сиромашно, но за дрворедите – време е за пролетно кастрење, со кое што пак, за само неколку седмици ќе им се овозможи бујна вегетација и богат изглед. Во централното градско подрачје во Прилеп ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, стартуваше со режење на дрвната маса на булеварот „Гоце Делчев“, каде најзастапени се липата, костенот и брезата. Со ова пролетно кастрење, покрај продолжување на животниот век, ќе се добие и естетски изглед на крошната од дрвјата.
„Староста на самите дрвореди од липа е околу 60 до 65 години, што значи липата е во голем ризик на вегетација со оглед на староста. Со оваа активност ќе се продолжи животниот век за околу пет години, претежно на липите“, истакна Даре Цветаноски, раководител на Сектор за Јавно прометни површини, паркови и зеленило.
Прилеп е познат по дрворедите но, штета е што тие обвиени во асфалт, што пак создава проблем за оптимални количества вода. Од “Комуналец“, потенцираат дека поради староста на самите дрвја во иднина треба да се размислува и да се засадуваат нови по дрворедите.
Оваа активност, комуналците ја извршуваат два пати годишно во пролет и есен, и е една од потешките операции за работа, зашто бара внимателност при сечењето, но и поголема прегледност во работата, заради околните згради и дуќани, но и фреквенцијата од луѓе и возила.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: