ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кражба во магацинот на Еурокомпозит

579

Во Полициската станица Прилеп, вчера, на 24.02.2021 во 12.30 часот било пријавено дека во периодот од 14.02.2021 до 24.02.2021 непознат сторител со употреба на тврд предмет и физичка сила влегол во магацин, сопственост на „11-ти Октомври-Еурокомпозит“ на ул.„Моша Пијаде“ во Прилеп и одзел повеќе предмети.

Истиот ден, во 10.00 часот во ОВР Прилеп, М.Ј.(45) од Прилеп пријавил дека бил измамен од С.Ш. за сума од околу 344.000 денари. Според пријавеното, на почетокот на ноември 2020 година на неколку средби на лицето му дал вкупно 344.600 денари, но досега не била реализирана ветената услуга и тој се посомневал дека е измамен.

Според дневниот билтен на МВР, на 24.02.2021, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Т.(28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека се заканувал на двајца полициски службеници од Прилеп и на нивните семејства. Се преземаат мерки за расчистување на случаевите.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе