ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Македонски фудбал: Фудбалските брендови се се подалеку од најдобрите натпреварувања во земјава

587

Кога би го запрашале некој што не живее во Македонија, а се разбира од фудбал „дали знаеш кои екипи се дел од македонскиот фудбалски шампионат ?!“ , тогаш, сигурно нешто што прво ќе му падне на ум ќе биде: Победа, Вардар , Пелистер , Тетекс, Напредок , Силекс, Тиквеш, Кожув…Но, не е баш така во денешно време. Има лига , има македонски фудбал но изгледот на табелата и вистинската ситуација во него се тргнати во некој сосема нов правец. Патека по која трасираат други клубови кои се дел од суперлигашкото друштво, а имињата кои некогаш жареа и палеа на фудбалската сцена кај нас , едноставно ги нема. Најсвеж е примерот со Вардар кој само чудо може да го спаси од отпаѓање или поточно ако успеат црвено црните да најдат некој клуб кој би им го отстапил местото за клубот со традиција и вгодина да игра во најквалитетната лига. Пелистер успеа да обезбеди прволигашки статус, но мора ли до последно да се чека опстанокот? Овие два клуба заслужуваат ваков третма ? Табелата моментално во нашата лига изгледа вака:

Фудбалските фанови и покрај тоа што имаат прилика само преку малите екрани засега да ги следат натпреварите во првата македонска фудбалска лига, од година во година остануваат покуси во уживањето на традиционалните дерби натпревари кои се чни загаснуваат, па затоа и револтот на навивачките групи кон раководствата на клубовите заради ситуацијата во која тие се најдуваат. Така беше и со клубот кој некогаш беше пример за многу генерации кои потекнуваат од југозападниот дел од земјава, клубот Напредок од Кичево кој е навистина во незавидна позиција, и, настапува во третата лига, сигурно според многумина далеку од местото каде треба да се биде овој спортски колектив. Еве што неодамна напишаа на фб од овој клуб :

Во една чудна и несекојдневна ситуација е и прилепска Победа. Ја има, но во втората лига исток и тоа на место кое да се погледне е многу лошо, ами и да се доживее! Како им е на оние кои го носат дресот на прилепскиот клуб?! И, воопшто се прашува ли некој „какво е чуството сите овие фудбалски брендови наместо да бидат столбови во македонскиот фудбал , тие да се на маргините и да преживуваат на стаклени нозе?! Една фудбалска бламажа за сите нив ….А, нели некој треба да не претставува на меѓународна сцена ?

И, на крајот ќе дојде работава да се среди инфраструктурата на фудбалските стадиони, а да нема кој да игра најдобар фудбал во земјава. Да нема кој да полемизира на пелагониското дерби , да дава заклучоци на скопската пресметка на градските ривали … на пример ….или да „стега палци„ на пресметките на истокот и на западот во националниот куп?….Македонските фудбалски брендови се далеку од најдобриот македонски фудбал моментално…

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе