CSS Template

„Медена земја“ е номинаран во две категории за Оскар

171
Avtokontrol1

„Медена земја“ е номинаран во категориите Најдобар документарец и Најдобар странски филм и со тоа сме прв пат во трка за дури два оскара.

Единствениот македонски филм кој претходно добил номинација за Оскар е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година. Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Македонското ремек-дело на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е совршена приказна со универзален одглас за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа за која светот изминатиов период не престана да зборува за нас. По победата лани на Санденс, филмот не престана да собира награди на различни континенти, а многу влијателни светски медиуми го ставија во Топ 50 најдобри филмови за 2019 година.

Главното доделување на наградите е закажано на 9 февруари.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm