ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Фото -видео) Од нас, за нив – помагаме заедно – Радио Пела и група граѓани!

817

Величината на големите и хумани луѓе е во нивната скромност. Тие се обидуваат да го променат човештвото преку своите дела…

За насмевка , плус, и за љубов плус , за посреќни деца и за нивна радост, плус, група граѓани хуманисти, заедно со Радио Пела и здружението Креативити, подарија од се срце, во Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, електричните апарати (правосмукалка и машина за перење), односно, она што на Дневниот центар на деца со посебни потреби “Ѕуница“ им беше најнеопходно,  во овој момент.

Нашата посета предизвика радост. Но, најмногу насмевка и восхитување во нивните мили очи предизвика, маѓионичарот Филип, кои направи вистиско маѓионичарско шоу, и со неколку маѓионичарски зафати (трикови) изнуди , многу насмевки и радости, восхит и воодушевување, смеа и задоволство, на едно место, од многу деттски срца. А, богами, не воодушеви и нас, возрасните, па, со внимание ги гледавме сите маѓуоничарски трикови на Филип. Аплаудиравме заедно и викавме „Браво“!

 

Но, да се навратиме зошто ови хумани луѓе го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби “Ѕуница„?!

 

Целта на посетата е донацијата која ја иницираа група граѓани на Прилеп , луѓе хумани во срце и душа ! Едноствно, сакаа само да помогнат, на децата , чија наша помош, им е неопходна од сите нас. Но,  и да се поттикнат, и останатите граѓани на Прилеп, стопанстевници, институции, група граѓани, медиуми …. да помагаат и почесто да донираа,  на оваа мала заедница деца, згрижени во овој прекрасен Дневен центар, кои работи под Министерствот за труд и социјална политка, се во интерес на децата со посебни потреби  .И, дружбата изгледаше вака ,со насмевка,прекрасно !

Моментите со нив оставија длабок впечаток во сите нас . Децата , беа воодушевени од нашата посета, а за тоа говореа искрените детски насмевки, љубовта која овие деца не себично ни ја даруваат при нашиот едночасовен престој ,  радувајќи се што имаат посетители  во нивниот втор дом,  Дневниот центар „Ѕуница“,  во кои тие го поминуваат своето време во текот на денот , под стручен надзор на неколку стручни лица,  кои овој дневен центар , го направија вистинско катче , за социјализација и развој на децата со посебни потреби.

 

Дваесетина деца, кои престојуваат во Дневниот центар, не пречекаа со радост, ни дадоа позитивна енергија, ни покажаа дека и тие се дел од опшеството, и тие се деца, кои сакаат да се смеат, да играат, да пеат , да се дружат, но и да ги споеделуваат своите емоции со останатите луѓе, како и сите деца. Добија и пактчиња,  како благодарност што прекрасно не дочекаа и се дружеа со нас.

 

Ова беше неверојатен убав ден, исполнет со в заемна љубов, насмевка и среќа, плус. И откму за то беше акцијата ,за повеќе љубов, за повеќе насмевки, задоволство и дружба, а идејата резултураше со прекрасни спомени, кои ќе ги паметеме сите ние,а ги споделуваме и со Вас.

 

Раководителот на Дневнот центарот за деца со посебни потреби, Снежана Јошевска, се заблагодари за донацијата и ги повика сите хумани луѓе, да го следат примерот на оваа група граѓани хуманисти,  со цел да се подобруваат условите во центарот за подобра грижа на овие деца.„ А,тоа го можеме само заедно, сите!„  –  рече таа

    „Бидете и Вие дел од големите луѓе!  ДОНИРАЈТЕ И ПОМАГНЕТЕ!„-  порачаа донаторите, среќни што направија за миг, децата сопосебни потреби да бидат среќни , плус!

                                                 Ве молиме погледнете го видето!

Величината на големите и хумани луѓе е во нивната скромност!

Тие се обидуваат да го променат човештвото преку своите дела!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: