CSS Template

Меѓународна мото крос трка по 5-ти пат во Прилеп

271
Avtokontrol1

Клубот за екстремни спортови „Sky riders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

На трката ќе учествуваат 30-тина натпреварувачи од сите Балкански држави, а годинава таа ќе биде од ревијален карактер. Трката има 4 категории : MX1, MX2, MX3 и OPEN CLASS.

„Ова ќе биде единствена мото крос трка годинава организирана во Македонија и сите возачи од државава се исклучително нестрпливи да учествуваат на еден ваков настан. Во изминативе години стекнавме едно реноме, имаме патека која е направена според сите стандарди и целта е овој натпревар да премине во меѓународна трка со натпреварувачки карактер. Мислам дека во иднина ќе ги постигнеме овие наши замисли“, истакна Златко Спиркоски, секретар на клубот за екстрекни спортови „Sky riders“.

Спиркоски вели дека оваа трка придонесува и за развојот на т.н. екстремен спортски туризам кој Општина Прилеп го негува подолг период наназад.

„Имаме идеја оваа патека во иднина да се подобри и освен за натпревари таа да се користи и за рекреативно возење. Има можности таа биде осветлена и да се користи и ноќе. Тоа е особено атрактивно во светот, бидејќи во лето преку денот е жешко и љубителите на овој спорт практикуваат да возат ноќе по вакви патеки“, додаде Спиркоски.

На 25-ти во сабота ќе биде тренинг денот, а додека главната трка ќе се одржи во недела на 26-ти ноември.


semm
Kreas
Penata
Vivafarm
Farma Dolneni