ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мирчески: Полошо организиран откуп немало последните 20 години!

654

Остануваат уште 20 работни дена до крајот на откупната кампања, а досега се преземени околу 16, 5 милиони кгр по просечна цена од 165 денари за кгр. Од договорените количини 23, 2 мил. кгр преостанувааат уште 7,5 мил кгр. Вишок производство  досега било пријавено  3,5 мил. кгр на само неколку денови ( до 5 ти февруари) до крајниот рок. Како ќе се преземат 11 милиони кгр од тутунопроизводителите за периодот кој преостанува прашуваат од Иницијативниот одбро на незадоволните тутунари, кога нема интерес од откупувачите и се чека со денови за предавање на производството? Единствен начин е да се зголеми откупната динамика, а паралелно да се решаваат бројните проблеми во легислативата кои што се таложат и повторно ќе се појават за претстојната реколта.

Се врши грабеж по сите основи, редици се чекаат по пунктовите. Се земаат пари под рака само да се влезе на ред да се предаде тутунот. Бараме итна средба во министерството, со откупувачите, со инспекторатот, да се најде начин како овие преостанати кгр да се преземат што може најбрзо. Да се зголеми динамиката, зашто откупувачите свесно ја намалуваат динамиката и прават тензии. Јавно го поканувам Љупчо Димовски, претседател на комисијата, прилепските пратеници и сите останати, лидерите, премиерот, ресорниот министер, претседателот на државата, да ја внесат точката на расправа во законодавниот дом, да не’ поканат нас тутунопроизводителите да им ги кажеме проблемите изворно, за да нема проблеми со новата реколта. Сега ќе се склучуваат договорите за новата реколта, а ние ќе наидиме на исти проблеми, вели Мирчески.

Од Иницијативниот одбор велат дека на терен има  влошување, луѓето се враќале од пунктовите, се ценило по шифри, а проценката била катастрофална. Тие велат дека се прават списоци по пријателска, по партиска база, а некои давале пари под рака само да се дојде до ред да се предаде тутунот. Неделава ќе се формираат  здруженија на тутунопроизводители, за да се продолжи со системски – правно решавање на проблемите.

– Ние ќе бараме да се почитуваат правата на тутунопроизводителите. Ќе формираме 4 – 5 здруженија каде што имаме членови на иницијативниот одбор. Ако треба ќе формираме и сојуз и ќе конкурираме за ја добиме довербата кај тутунарите. Треба да се соберат 9 800 пристапници, вели Мирчески.     

Најкритично е во долненско, општината која што произведува најмногу ориентален тутун на Балканот.

– Од почеток како почна катастрофата, замислете каков ќе ни биде крајот ?! За жал првата жртва ни замина, од тие нивни проценки, од тие нивни шифри, од тие нивни флексибилни линии кои што ни ги ветуваа, со потписи, гаранции… Откупувачите наместо да ја зголемат динамиката, тие за жал ја намалуваат. Работното време им почнува во 11 часот, им завршува во 15 часот. Четврта класа не сака никој да купи. Овие проблеми ќе се зголемат. Ако во Македонија 75 %  од тутунот е преземен, во Долнени не е ниту 35 % откупен. Апелирам да се зголеми динамиката, без да чекаат тутунопроизводителите по 3 до 4 дена за да го предадат производството вели Еџевит Ајдароски од општина Долнени.  

Цела општина Долнени на годишно ниво има производство од околу 9 милиони кгр. Покрај спората динамика во досегашниот тек од откупот, дополнителен проблем во долненско е недостигот од картонска амбалажа за пакување.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: