ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Митко Иваноски домаќин за Водици во с.Славеј

957

Годинашен домаќин во с.Славеј во Општина Кривогаштани на Богојавление – Водици е Митко Иваноски од компанијата„Изофаст“.
Богојавленскиот водосвет – фрлањето на крстот – ќе се изврши на 19-ти јануари,во 12,00 часот во базенот на семејната куќа на домаќинот,каде ќе учестуваат 5/6 момчиња кои се пријавени да го фатат Светиот Крст, кој се верува дека на оној кој ќе го фати ќе му донесе, здравје, среќа и благодет во текот на годината,нему и на неговото семејство.
Оној кој ќе го фати Светиот Крст ќе биде награден од домаќинот. По чинот на Богојавленскиот водосвет- фрлањето на крстот – за сите гости и добронамерници обезбеден е ручек во трпезаријата на селската црква. Адет во овој крај е да се меси и лепче со паричка, па на кого ќе му „падне„ паричето ќе биде следиот домаќин на Водици.
Инаку, на Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: