ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Момироски со јасен став – на Прилеп му требаат професионално радио и телевизија, а не политиканство!

872

Прилеп по многу нешта бил прв, пионер во многу сфери, а не е исклучок медиумската и новинарската сфера.  Градот која ја имаше првата телевизија, надвор од Скопје (Независна телевизија Прилеп), меѓу првите приватни радија (Радио Соник), традиција за општински локален весник, како и фабрички весници,  денес, е на маргините во областа на информирањето, медиумите. Портали без импресум (без новинарска редакција, без име и презиме на оние кои текстови пишуваат), отсуство на информации, кои по природа на нештата во нормална држава треба да „струјат“ секојдневно на локално ниво за настани и случувања во општината.

Ваквата состојба во пост на Фејсбук ја пренесува новинарот Зоран Момироски, долгогодишен уредник на НТВ Прилеп и во ТВ Канал 5:

„Деновиве мојот колега Дарко Штаргоски преку фб пост отворено ги повика и постави прашања, но и дилеми за игнорантскиот однос на локалната и централната власт кон новинарите. Притоа тој вели,, сами си се снимаат сами си даваат изјави и сами ги праќаат до порталите ,телевизиите и радијата. И констатира дека ниту на едните, ниту на другите новинари не им требаат. Тогаш му порачав дека за тоа е виновна  фелата. А, сега му порачувам и него и на останатите, дека одговорот можат да го најдат по ново формираните еднонаменски портали ,,Котлина мк,,,”Станица.мк”. Тука е и одговорот на прашањата зошто прилепските професинални новинари партиски поединци ги игнорираат и зошто градот остана без професионални медиуми Радио и Телевизија. Градот кој го имаше најстаро и најдобро опремено Радио Прилеп и првата регионална телевизија ТВ Прилеп во Макединија. По овој најнов портал, на кој му посакувам успех, станува јасно дека на локалните власти во име на граѓаните, а за свои потреби да ја дефокусираат јавноста, не им треба критички ,,прозорец,, кон нашата подобра иднина. Таквите треба финансиски , етички , морално и професионално да се уништат. А , моето јас да биде посилно и по вистинито од вашето јас,,.  Што ќе рече гледајте со нашите очи во она што и ние не го гледаме. Бидејки објективно во изминативе 5 месеци чесно и спокојно си ги одспавте. Е па наши прилепски функционерчиња и ,,функционеришта,, народот не ви даде доверба со 7500 гласа разлика за ваков недоквакан однос. Во интерес на вистината проекциите беа 2500 разлика. Добиените плус 5000 се од незадовилните од предходната локална власт и од поделеното членство на СДСМ мегу Сугарески и Талески од една страна и екс градоначалникот Илија Јованоски од друга страна. Ете, ова треба да ви биде поука- ако ви биде како во иднина. А, не да ја фокусирате јавноста со етикетирања на луѓе. Или со тоа кој од кого бегал од страв. Демек од јаката локална власт или победничката ВМРО – ДПМНЕ.

Пролетта во Охрид во Битола и некои скопски општни одамна е дојдена. Таму се работи. Општините добиваат нов лик..А овде во Прилеп сеуште е кочан зима… Граѓаните чекаат. Новинарите чекаат. Јавноста очекува..А времето минува…“, пишува, нашиот колега  Зоран Момироски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: