ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МЦСР-Прилеп со упатства до корисниците согласно мерките за превенција

1.712

За лицата кои имаат или ќе поднecaт нова бapaња за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост ,комисииге за издавање на конзилијарни мислења ќе даваат мислење со наод, без непосреден преглед на странките, само врз основа на медицинска документација. А, членовите на семејствата ќе имаат обврска да ја доставуват потребната документација нa закажаниот термин, до нaдлежнaтa комисија –  информираат од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп ,ова во согласно со мерките за  превенција од коронавирусот, кои ги препорачува Министерството за здравство, со единствена цел да се заштити ширењето на вирусот.

Корисниците,пак, на правото на родителски додаток за дете (трето и четврто дете) кои се уште немаат поднесено барање эа продолжување на правото,  *тие тоа требаа да гонаправат до 31 март) , постапката за нив ,  продолжување на правото , ќе им го направат надлежните од центарот за социјална рабата, по службена должност, заради заштита на јавниот интерес и здравјето на граѓаните. Но, по завршувањето на мерките потребно е корисниците во рок од 15 дена до центрите да ја достават потребната документација, за што ќе бидат и допалнително известени од страна на центрите.

“Народната кујна во Прилеп работи со намален обем на работа , со истите корисници. Добиваат ланч – пакети со сува храна, на секој два до три дена, во зависност од нивните потреби, од причина што јавното здравје ни е приоритет на сите!“ – посоачи директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп,  Дејан Тошески,прашан за како социјално загрозените лица постапуваат во овој период на превенција од коронавирусот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: