ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МЗШВ објави јавен повик за субвенционирање на невладините организации за советодавни услуги во земјоделството

567

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој. Предмет на јавниот повик се субвенции кои за прв пат ќе бидат наменети за невладините организации кои пак ќе реализираат активности за подобра примена на Програмите во областа на земјоделството и руралниот развој.Целта е средствата да се користат за апликативни проекти наменети за поддршка во процесот на земјоделското производство, подобрување на човечките ресурси во земјоделството и руралниот развој и пренос на знаења за подобра искористеност на програмите во областа на земјоделството и руралниот развој.

Вкупните средства кои им се на располагање на невладите организации за таа намена се 30 милиони денари. Покрај документите поврзани со непречено работење на невладината организација, потребно е да се достави и план програма за предвидени активности, број на учесници, агенда и потребни финансиски средства за реализација на активностите. Подетално, заинтересираните со јавниот повик можат да се запознаат на официјалната интернет страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Крајниот рок за доставување на барања е 30 ноември оваа година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: