11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

Илиески: Закупците на тезги да бидат раат – Градскиот пазар во Прилеп работи по старо!

Како се одразуваат законските измени на работата на продавачите на градскиот пазар во Прилеп? За Радио Пела, Кристијан Илиески директор на Јавното претпријатие Пазари Прилеп, вели дека менаџментот на прилепскиот пазар им гарантира непречено работење на пазарџиите, како и до сега. На што се должи тоа и како ќе се решаваат отворените прашања со новините во легислативата?
– Заради ригидните одредби на законот, неможноста да тргуваат пензионери и вработени лица, или пак лица кои по други основи примаат надоместоци, како и заради дополнителните давачки кои се воведуваат за трговците на зелените пазари, голем дел од закупците на тезги нема да можат да ја вршат дејноста согласно законот. Но, ние организаторите на пазарите, т.е Групацијата на пазари која делува во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, бидејќи овој закон ја загрозува дејноста и го доведува во прашање опстојувањето на Зелените пазари, оценивме дека е потребно ИТНО НЕГОВО УКИНУВАЊЕ ИЛИ ОДЛАГАЊЕ НА НЕГОВАТА ПРИМЕНА до донесување на законски прифатливи решенија, во консултации на сите засегнати страни, вели за Радио Пела Христијан Илиески, директор на ЈП Пазари Прилеп.
На Градскиот пазар во Прилеп сеуште не се во сила законските новини поврзани со дејноста додава Илиески:
– Закупците ќе бидат навремено известени до каде е постапката во врска со спроведувањето на овој закон. Сеуште ништо не е дефинитивно. Поднесена е иницијатива од 10 пратеници за измена и дополнување на законот или негово целосно укинување. Работиме по старо на Градскиот пазар, закупците на тезгите да бидат раат, сега засега. Длабоко сум убеден и мислам дека овој закон ќе претрпи измени или укинување, вели Илиоски и додава дека ЈП Пазари Прилеп им ја гарантира стабилноста на закупците на тезги, како и тоа дека нема да има дополнителни отежнувања во работата.
Групацијата на пазари бара овој закон да се пролонгира бидејќи е на штета на пазарџиите кој согласно истиот треба да плаќаат годишна лиценца од 60 евра за тезга, а за дополнителна тезга плус 40 евра. Комората на трговци веќе издава лиценци, но засега интересот бил слаб и лиценци побарале само околу 50-тина пазарџии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СОУ „Ристе Ристески Ричко“ широка лепеза од струки, занимања и професии за идните средношколци

Каратистите со македонско потекло одлични на отворенoто првенство на Австралија во карате

Гордана Цветаноска

Со љубов засадената шумичка кај Селце им се спротивстави и на пожарите и на сушата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе