CSS Template

Нашинците во Малта во хуманитарна акција – средства за транспорт на починат Македонец

397

Македонците во Малта се сплотија во хуманитарна акција за собирање финансиски средства за помош на семејството Митевски. Акцијата започна деновиве по трагичната вест за смртта на Будимир Митевски (1969 г) од Куманово кој живеел и работел во Малта. За транспорт на неговото тело во родниот град, кај неговите блиски, потребни се вкупно 5 000 евра. Како што апелираат членовите на Facebook групата „Македонци во Малта“ до вторник 26 декември потребно е да се соберат наведените средства бидејќи пролонгирањето на транспортот на телото само ја зголемува висината на трошоците кои семејството не е во можност да ги покрие.
Во текот на утрешниот ден хуманитарните акции повторно се организираат и тоа на 2 места :
1) Од 11:00 до 12:15 часот на плоштадот во Буџиба
2) Од 13:00 до 14:30 часот во Слиема кај Слиема-Ферис

Како што се наведува во апелот за помош донациите се упатуваат директно на сопруга на Будимир Митевски и за неговите деца.
-Искрено се надеваме дека утре акцијата ќе биде поуспешна и нема да остане само на ФБ споделувања.
Да покажеме дека и во добро и во лошо ние македонците од Малта сме сплотени. Сите да прескокнеме едно кафе со што би помогнале на неговто семејство во овие тешки мигови, се вели во апелот за помош.

Facebook групата „Македонци во Малта“ е една од најактивните македонски заедници на социјалната мрежа која информира за настани поврзани со Македонците во Малта, понуда на слободни работни места, како до работна виза и други важни информации за привремен и постојан престој во Малта. Инаку, во оваа европска земја живеат и работат околу 12 илјади Македонци.


semm
Penata
Farma Dolneni
Vivafarm