ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Наставата во основните и средните училишта ќе почне со физичко присуство, одлучи Владиниот кризен штаб

1.164

Наставата во основните и во средните училишта да почне и да се одвива со физичко присуство на учениците, како пред пандемијата од ковид-19 одлучи Владиниот кризен штаб.

„На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата, беше оценето дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе биде донесена на наредната владина седница“, соопшти Владата.

Според членовите на Штабот, пресудно за ваквата одлука бил големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар. Моментално 60 проценти од нив се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата.

Донесени се протоколите за одвивање на наставата со физичко присуство кои се изработени од епидемилози, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: