ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НБРМ: Плаќајте со картички или електронски, не со готовина!

459

Народната банка заради заштита на јавното здравје и превенција од коронавирус, апелира да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички.

Воедно, НБРМ апелира да се избегнува посета на експозитурите/филијалите на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство.

 

Заради заштита на јавното здравје апелираме:

Да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички;

Да се избегнува посета на експозитурите/филијалите на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство;

За упатување прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата [email protected] преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви 02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212. За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата [email protected] или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: