ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Не носење маски на отворено, дозвола за свадби, публика на стадионите – се новите мерки кои ги предлага Комисијата!

781

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука за олеснување на рестриктивните мерки. Предлозите на Комисијата ќе бидат доставени до Кризниот штаб, а последниот збор дали ќе се прифатат ќе го има Владата.

Комисијата ќе ги предложи следните олабавувања:

Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските ќе се носат задолжително на сите затворени места, во јавениот превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца .

Да престане да важи забраната за групирање на отворено, но при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

Имено, да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: